Дома Македонија Потврди со новото име за валидизација на документите при патување
Македонија - февруари 28, 2019

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите документи, почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството кои не го содржат новото име на државата “Република Северна Македонија”.

Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име ,,Република Северна Македонија“. Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции за странци кои по било кој основ престојуваат во државата.

Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, а која се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Северна Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Третпат одбиена иницијативата за референдум на името

Едногласно, членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедницит…