Дома Македонија Во новиот предлог закон се укинуваат термините мајка и татко!
Македонија - февруари 28, 2019

Во новиот предлог закон се укинуваат термините мајка и татко!

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со резерва гледа на Законот за спречување и заштита од дискриминација предложен од Зоран Заев и Мила Царовска, бидејќи во предлог законот се брише одредбата дека бракот е заедница помеѓу маж и жена.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто власта сака да ја смени дефиницијата на брак помеѓу еден маж и една жена, како и политика на посвојување на деца. Исто така пратениците од опозицијата прашуваат што значи воведувањто на новиот термин „родов идентитет“. Тие констатираат дека досегашното македонско законодавство го познава поимот пол, кој што може да биде машки и женски. Полот е билошки детерминиран, со биолошките карактеристики, реагираат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Го прашуваме предлагачите што значи воведувањето на терминот „родов идентитет“ ? Дали родовиот идентитет може да биде флуиден и променлив? Дали воведувањето на категоријата „родов индентитет“ и промена на дефиницијата на бракот ќе доведе до промена на наставните планови и лекции за децата во градинките и основните училишта? Што значи актуелната предложена измена на законот за матичната евиденција со кој се овозможува промена на полот и единствениот матичен број во матичните книги. – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие реагираат и дека со новиот предлог закон се укинуваат термините мајка и татко и се вуведува терминологијата родител А и родител Б.

– Дали ќе се укинат термините мајка и татко вклчувајќи ги наставните содржни во основното образование и дали следно е воведување на терминилогијата родител А и родител Б. Ова се крупни општествени прашања за кои сличен поглед имаат сите граѓани православните, муслиманите, католциите, протестаните, евреите и сите останати. Во врска со овие прашања потребно е да се земат во предвид ставовите на МПЦ, ИВЗ, Катлочката црква, еврејската заедница и другите верски заедници. Живееме во држава и општество каде огромното мнозинство на граѓани се приврзаници до традиционалите и семејните вредности, кои што се наша заедничка вредност. – порачуваат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата порачуваат дека секогаш се против било која форма на дискриминација и сака да гради општество без дискриминација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…