Дома Регион Во Грција протести против Преспанскиот договор
Регион - февруари 28, 2019

Во Грција протести против Преспанскиот договор

За време на протестите на помала група граѓани против преспанскиот договор повредени се четворица полицајци и еден демонстрант во грчкиот град Птолемаида, јавуваат грчките медиуми.

До судир помеѓу полицијата и демонтрантите дошло додека грчката министерка за цивилна заштита, Олга Геровасили, присуствувала на состанок во градот.

Полицијата употребила солзавец, а повредените биле префрлени во болница.

Министерката за цивилна заштита на нејзиниот официјален фејсбук-профил напиша дека на поканата на радикалните десничари се огласиле само 15 лица и пратеникот од Златна зора, Христос Папас.

„Граѓаните од Птолемаида им завртија грб. Им завртија грб на насилството и нетолеранцијата“, напиша Геровасили по инцидентите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…