Дома Македонија Оставката на Котевски ќе се разгледува после изборите
Македонија - февруари 26, 2019

Оставката на Котевски ќе се разгледува после изборите

На денешната владина седница констатирана е оставката на директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски.

Во соопштението се вели дека оставката ќе се разгледува по изборите.

– Со оглед на тоа што оставката е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува после завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик – стои во соопштението од Владата.

Котевски денес си поднесе оставка по барањето на премиерот Зоран Заев минатата недела директорот на затворот во Шутка да си поднесе оставка, откако во притворното одделение во затворот беа нападнати притворените поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…