Дома Македонија Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“
Македонија - февруари 23, 2019

Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“

Автор: Слободан Томиќ

Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во државата Северна Македонија? Дали промената во името на државата Македонија е крај или е почеток на дестабилизација на Балканот? Дали Преспанскиот договор ќе донесе мир или војна на Балканот?

Метју Нимиц: Последиците од Преспанскиот договор? На нив гледам како исклучително позитивни за Република Северна Македонија, за нејзините луѓе и за регионот во целина, вклучувајќи ја и Грција. Верувам дека Преспанскиот договор е стабилизирачки фактор, бидејќи подразбира компромис прифатен од Обединетите Нации што двете држави го ратификуваа, тоа е прифатено од сите држави во регионот, како и од државите надвор од регионот.

Повеќето државници во регионот и во светот го поздравија Преспанскиот договор како позитивна придобивка. Овој договор дава чувство на сигурност за сите и ќе ги зајакне безбедноста и мирољубивите односи.

Договорот бара имплементација од двете страни и чувствувам одговорен и позитивен став од страна на властите во Скопје и Атина во процесот на имплементација.

– Дали новата нација е создадена со Преспанскиот договор и дали Атина навистина доби ексклузивно право во античката историја на Македонија, која за прв пат во историјата ја окупирала со Балканските војни 1912/1913?

Метју Нимиц: Прашуваш дали Преспанскиот договор создаде нова држава? Не е далеку од вистината правно или политички. Името на државата сега конечно е дефинирано, но државата е истата.

Многу нации ги менуваат свите имиња од време на време, но тоа не влијае на основната способност на нацијата и на нејзините институции. Чув дека некои чувствуваат искрена загриженост, но тие според мое мислење не се во право и воопшто претеруваат.

Уставното име првично усвоено “Република Македонија” е дополнето со”Северна”. Се разбира, во Обединетите нации, временото обраќање на државата беше “поранешна Југословенска Република Македонија” и, сите сме среќни што можеме да кажеме дека оваа невообичаена и тешка формулација сега е целосно исфрлена од употреба, а уставното име “Република Северна Македонија” е прифатено за сите цели и од сите.

Патем, нацијата основана во септември 1991 година е сеуште истата нација, иако името сега е безбедно утврдено и прифатено ширум светот.

Верувам дека ова е позитивен развој за вашата земја. Мислам дека името “Северна Македонија” е прифатено и дека треба гордо да го користите. Ме прашуваш дали врз основа на Преспанскиот договор Атина добива ексклузивно право во античката историја на Македонија?

Не верувам дека ова е правилно поставено прашање. Историјата е таква каква што е, и објективно ја проучуваат и пишуваат историчарите, за неа не одлучуваат владини претставници и дипломати.

Врз основа на она што сум го научил (а јас не сум историчар, па не зборувам како експерт), античката историја на Македонецкте била Хеленската, а оваа историја претставува богат и важен придонес за светската цивилизација.

Историјата на луѓето од Северна Македонија исто така е единствена историја, и треба да се вреднувате и да се гордеете со вашата историја и традиции, признавајќи го различно од хеленската историја на античка Македонија.

Ова е мој личен став врз основа на моето читање на историјата, а Преспанскиот договор ги признава овие две различни гледишта на историјата.

 

– Дали Бугарија ќе го укине процесот на преговорите за членство во ЕУ со дополнително уцена на Македонија во врска со негирањето на постоењето на Македонците и македонскиот јазик? Бугарската официјална влада и опозицијата продолжуваат и покрај договорот за пријателство, со грда контроверзност во врска со постоењето на државното македонско потекло и македонскиот јазик?Исто така Дали Албанија ќе притисне за функционална федерализација на Македонија со инаугурација на албанскиот јазик за еднаков службен јазик, како и македонскиот јазик?

Метју Нимиц: Кога станува збор за соседите како и можни спорови со соседите – да продолжатпроблемите со Грција, за можни проблеми со Бугарија и Албанија?

Една работа со доверба можам да кажам – дипломатијата никогаш не завршува. Ако вашата желба се апсолутно совршени односи со секој, тоа е преголемо барање од еден човек.

Дури и во среќно семејство, секогаш постојат работи за кои се расправаме. Ова е човечка особина, и тоа е вистина воцелиот свет, секако и во балканскиот регион.

Но, Северна Македонија сега е во посилна позиција отколку пред Преспанскиот договор. Навистина верувам дека Северна Македонија сега е во добра позиција да развие подобиодноси со сите свои соседи и дека Преспанскиот договор ќе биде позитивен придонес кон овој процес, како и во процесот на влез во НАТО и неговата примена за членство во Европската унија.

Имате добри дипломати кои можат да ги заштитат вашите интереси во разговорите со вашите соседи, па можете да се одморите околу регионалните прашања.

Она што е најмногу потребно во овој момент, за да се изгради силна и успешна Република Северна Македонија, според мое мислење, е вниманието на внатрешните прашања во земјата, на пример, зајакнување на економијата, подобрување на образовниот систем и воведување поголема транспарентност во владата, како и подобрување на односите меѓу сите граѓани на Северна Македонија, така што ќе имате обединета држава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Џејсон Мико: „Мир и помирување” нема да се случи поради Преспанскиот договор..!

Во продлолжение на серијалот имавме можност да го замолиме познатиот американски аналитича…