Дома Македонија Се бара одговорност за инцидентот во „Шутка“
Македонија - февруари 22, 2019

Се бара одговорност за инцидентот во „Шутка“

Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се задоволни само со оставката на директорот Котевски… Сметаат дека станува збор за обид да се забошоти случајот и бараат одговорност и од премиерот Заев и од министерката за правда Дескоска.

Брза разрешница, конкретна реакција од надлежните институции, одговорност од министрите за внатрешни и правда, Спасовски и Дескоска за физичката пресметка во Шутка, бараат од најголемата опозициска партија и од независната претеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата на Мицкоски, од каде бараат одговорност да понесе и премеирот Зоран Заев, порачуваат дека оставката на директорот на истражниот затвор во Шуто Оризари не смее да биде замачкување на случајот, ниту пак заемна за сериозна истрага.

Неазвисните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ  побараат домашен притвор за поранешните министри Јанакиески и Ристовски. А на Мицкоски му порачааа да не прави шоуа пред болниците, туку да сфати дека има поважни работи во државата од сликање и давање драматични изјави.

Создавањето тензии и насилничките сценарија во обид да се дефокусира јавноста од фактот дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад крвавиот четврток се едниствените политики на антинародниот Мицкоски и неговиот шеф  Груевски, регираа од валдејачката СДСМ. Оттаму го повикуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се извини за изнесените лаги и за провидниот театар пред болницата 8-ми Септември.

Вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари ќе го истражува и Народниот правобранител. Обдусманот алармира на лош безбедносен систем во затворите. Очекува надлежните органи да го расчистат настанот и да утврдат дали припадниците на затворската полиција и другите служби соодветно реагирале.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…

Не пропуштајте