Дома Локално Вонредни контроли кај автобусите – 16% имаат неисправни сопирачки!
Локално - февруари 22, 2019

Вонредни контроли кај автобусите – 16% имаат неисправни сопирачки!

16% од автобусите имаат проблеми со кочниците. Ова го покажал вонредниот инспекциски надзор на територијата на Скопје во рамки на кој на вонреден технички преглед биле испратени 49 возила за јавен превоз при што кај 16 од нив биле констатирани неправилности.

Кај 8 возила бил неисправен уредот за кочење, кај 2 уредот за управување, а 3 имале неисправни светлосно – сигнални уреди. Едно имало неисправни останати уреди, а две возила немале комплетна опрема.

Вонредни контроли биле извршени и во полошко при што било констарано дека секое петто возило било со несправни сопирачки и уред за управување. Од проверени 148 возила односно автобуси, минибуси, и комбиња кај 47 биле утврдени проблеми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…