Дома Македонија Проблемот со Преспанскиот договор може да се „реши“ со грчки тенкови
Македонија - февруари 21, 2019

Проблемот со Преспанскиот договор може да се „реши“ со грчки тенкови

Од синоќа на полноќ, за прв пат од осамостојувањето на Македонија, граѓаните ќе можат да патуваат во Грција само во пасош, со што непопуларните бели ливчиња заминуваат во историјата.

Додека не почнат да се издаваат пасошите со новото уставно име најавено за крајот на годинава, во патните документи на граѓаните веќе им се става печат дека документот припаѓа на Северна Македонија, а грчката полиција, печатите за влез и излез за прв пат ќе ги  „удира“ во самиот пасош.

Ова е еден од резултатите на циркуларното писмо до грчките јавни служби со упатства како правилно да се пременува Преспанскиот договор.

Во писмото објавено од тамошното МНР се до објаснува дека е правилно е да се користи: „Влада на Република Северна Македонија“ или, „Министерот за надворешни работи на Северна Македонија“, но не и „македонска влада“ или „македонски министер“, а интересно е што  ова важи и за сите приватни субјекти финансирани од државата. Тоа во реалноста би значело е дека и сите фирми кои на било кој начин добиваат пари од државата, ФИРОМ ќе треба да го заменат со Северна Македонија.

Во меѓувреме изјавата на поранешниот грчки министер за одбрана Каменос е доказ дека Преспанаскиот договор не може експресно да го смени типично „балканскиот“ менталитетот на некои политичари.

Тој говорејќи на една локална телевизија, гордо кажа дека грчките тенкови можеле да влезат во Скопје за 20 минути и да се решел целиот „проблем“.

„Ние не чувствуваме никаква 3акана. Скопје е работа од 20 минути. Ако трупа тенкови решат да ја преминат границата, ќе стигнат до другата страна на Скопје. Ќе стигнат до Србија“ – изјави Панос Каменос, поранешен министер за одбрана на Грција.

Поранешниот владин коалициски партнер на Ципрас, кој поднесе оставка поради Преспанскиот договор го критикуваше и поранешниот министер за надворешни работи Коѕијас велејќи дека „дејствувал предавнички“ и против грчките национални интереси.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…