Дома Свет Подготовки за претстојниот самит Трамп-Ким
Свет - февруари 21, 2019

Подготовки за претстојниот самит Трамп-Ким

Специјалниот севернокорејски претставник за САД, Ким Хиок-чол синоќа пристигна во Ханој со севернокорејска делегација, пред одржувањето на самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун следната недела.

– Севернокорејскиот тим пристигна со ноќен лет во Пекинг – изјави извор од аеродромот во Ханој.

Ким Хиок-чол беше забележан како влегува во гостинската куќа на виетнамската Влада, во која тој и другите севернокорејски официјални претставници, кои се наоѓаат во Ханој поради подготовките за претстојниот самит, ќе престојуваат во текот на викендот.

Се очекува високиот дипломат на Северна Кореја да се состане со својот американски колега, Стивен Биген, кој ќе отпатува во Ханој кон крајот на неделава, за да го подготви теренот за новите разговори меѓу Трамп и Ким, кои ќе се одржат во виетнамската престолнина на 27 и 28 февруари. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…