Дома Македонија Нови случаи на партиско вработување
Македонија - февруари 21, 2019

Нови случаи на партиско вработување

Не може ниту една закана, уцена или прогон да ја покрие срамната епидемија од непотизам на власта. Заразено е целото СДСМ. На јавноста сега ѝ е јасно зошто постои ваква нервоза кај СДСМ и Заев и зошто по секоја цена сакаат да се дефокусира темата за епидемијата од непотизам, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Не може ниту една закана, уцена или прогон да ја покрие срамната епидемија од непотизам на власта. Заразено е целото СДСМ. На јавноста сега ѝ е јасно зошто постои ваква нервоза кај СДСМ и Заев и зошто по секоја цена сакаат да се дефокусира темата за епидемијата од непотизам, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Речиси не постои пратеник или висок функционер од власта чијшто близок роднина не е вработен во некоја државна институција, агенција, управа, државно претпријатија или орган кај што не добива плата над просечните примања на граѓаните во Република Македонија.

Ќе обелодениме две нови имиња на пратенички од СДСМ чии блиски роднини се едни од многуте ‘заразени’ со епидемијата за непотизам.

Прво, пратеничката Фросина Ременски веројатно лажно ќе морализира, но мора да ѝ признае на јавноста и ја прашуваме еве јавно: Дали Зоран Ременски, со кого е во кумовски и во роднински врски, е вработен во ЕЛЕМ? Кои се критериумите, доколку е тоа така, според кои лицето Зоран Ременски, кум и внук на Фросина и на Јовче Ременски, се вработил во оваа државна фирма?

Вториот случај кој ќе го обелодениме денес е ‘дизел-вработувањето’ кое го добил и Никола Шумански, братот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Митева-Шуманска, кој е вработен како царински службеник во Штип на 1 февруари 2019 година, веднаш по гласањето на уставните измени, пред само 20 дена“, рече Арсовски, додавајќи дека ова е доказ дека во СДСМ не владее морал.

Единствено морално, според него, е да си ги вработат пратениците и функционерите своите роднини. Тие се оперирале од морал, вели Арсовски, во моментот кога ги вработувале блиските роднини на нивните функционери.

„Јавноста ја охрабруваме да продолжи секојдневно да нè информира и да истражува за ваквите случаи, како што и тоа го прави бидејќи очајно го навлегоа гневот на граѓаните. Сите граѓани ги плаќаат овие партиски роднини преку буџетските пари прибавени или од зголемени даноци или од бруталното задолжување коешто го прави СДСМ“, порача Арсовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…