Дома Македонија Миле Јанакиески и Спиро Ристовски повредени во тепачка во затворот Шутка
Македонија - февруари 21, 2019

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски повредени во тепачка во затворот Шутка

Двајцата осомничени за организација на настаните од 27 април, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на кои вчера им беше одреден 30 дневен притвор, биле истепани во затворот во „Скопје“ во Шуто Оризари, потврдуваат нивни блиски за „Макфакс“.

Роднините кои ги контактиравме велат дека и двајцата биле повредени во тепачка која настанала со осуденици од „Диво насеље“. Роднините велат дека нивните блсики биле раскрвавени и пренесни на здравствен преглед во болниците. Лекари од градската болница „Осми септември“ потврдија дека Миле Јанакиески бил примен и му е укажана медицинска помош. Неофицијално нападот се случилза време на редовната прошетка што ја имаат притворените лица.

До кривичниот суд во Скопје стигнало известување за физички инцидент во затворот Скопје во Шуто Оризари, дознава „Макфакс“ од извори во судот. Во известувањето било наведено дека станува збор за физички напад, а утре судија ќе ги посети осомничените во затворот.

Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од синоќа се во 30 дневен притвор бидејќи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ги осомничи декла се дел од шестемина кои ги организирале насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…