Дома Регион Австрија позитивно гледа на дијалогот меѓу Белград и Приштина
Регион - февруари 21, 2019

Австрија позитивно гледа на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека ја поддржува идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово, иако тоа е многу чувствителен проблем.

Курц, кој престојува во Вашингтон, каде вчера се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Австрија позитивно гледа на дијалогот меѓу Белград и Приштина и ќе ја поддржи размената на територии, иакo „се работи за тешка тема“.

– Ако двете страни се согласат за ова, Европејците не треба да бидат пречка, како ни Американците, истакна Курц.

Тој побарал од Трамп да се ангажира повеќе во решавањето на проблемите меѓу Косово и Србија, нагласувајќи дека САД имаат големо влијание врз Приштина, кое може да се искористи на позитивен начин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…