Дома Економија Според министерот Тевдовски: Просечната плата се движи кон 26.000 денари
Економија - февруари 20, 2019

Според министерот Тевдовски: Просечната плата се движи кон 26.000 денари

Министерот за финансии Тевдовски истакна дека од крајот на 2018 година и во текот на 2019 годна се чувствува ефектот од растот на минималната плата за што влијание има растот на продуктивноста.

Министерот рече дека во декември 2018 година просечната плата се приближува до 26 илјади денари или тоа е скоро две илјади денари повеќе во однос на декември 2017 година.

Тој очекува позитивниот тренд да продолжи и наредниот период. Позитивен ефект се очекува и од напредокот во евроатланските интеграции, што ќе придонесат за интензивирање на инвестициската активност и раст на економијата.

Министерот за финансии вели дека Владата и понатаму ќе продолжи со мерките и политиките што се во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“

Автор: Слободан Томиќ Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во д…