Дома Македонија ДЕЛ ОД ВЛАДИНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ НЕМА ДА ПОБАРААТ ОСТАВКИ НА ВРАБОТЕНИТЕ РОДНИНИ
Македонија - февруари 20, 2019

ДЕЛ ОД ВЛАДИНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ НЕМА ДА ПОБАРААТ ОСТАВКИ НА ВРАБОТЕНИТЕ РОДНИНИ

Како што не сум имал влијание при нејзиното вработување, јас не би требало да имам влијание и да побарам од мојата сестра да се повлече од работата, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, чија сестра од ноември минатата година е вработена во МЕПСО. Освен сестрата, во државната ЕЛЕМ е вработена и сопругата на неговиот шура. Зошто сестрите, децата, брачните партнери и сватовите на функционерите се вработија откако тие дошле на власт, на ова прашање министерот одговори со контра прашање кон новинарите.

„А вие зошто не работите во друга телевизија, туку во оваа? Мојата сестра е полнолетна, не живее со мене. Ако сакате  вие за ние што водиме институции во Македонија да влијаеме за тие да заземат одлуки, зошто нашиот интерес или ние да добиеме во јавност, јас тоа не верувам дека би требало да го направиме. Тоа е мојот став. Како што не треба да влијаеме за тие да се вработуваат.“ – вели Крешник Бектеши, министер за економија.

Иако премиерот најави дека дел од блиските на функционерите ќе се откажат од вработувањето во државните фирми, за да дадат пример на етичко однесување, такво нешто нема да се случи со министерот за земјоделство чии братучет се вработи во М-НАВ.

„За ниту едно вработувамење немам влијаено за да барам било кој нешто да направи и повикувам сите институции секој оглас нека го проверат.“ – вели Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Од пратеничката Мира Стојчевска деновиве нема ниту глас, иако за неа Антикорупционерите отворија дури три предмети. Со три предмети за непотизам е и Кирацовски, кој на Фесбук соопшти дека побарал од таткото на неговата сопруга да се повлече од работното место во фабриката во Битола, што е дел од државната ЕЛЕМ. Но, нема најави дека од работата ќе се откажат и неговата сестра вработена во Централниот регистар, како и неговата баба.

„Побарав таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, да го повлече својот ангажман како алатничар и тој прифати. Иако можеби немам право на тоа, затоа што немам ниту поврзаност со неговите ангажмани во животот.“ – напиша Кирацовски.

Анѓушев смета дека како државата треба да се бориме против непотизмот, но тој се воздржа, јавно да ги повика функционерите, по примерот на Заев.

„Не треба да се занимаваме со  дневнополитички настани, туку да ја гледаме  ширтоката слика. Најголем дел од невработеноста како процент падна, бидејќи луѓето се вработија во администрацијата. Се обидуваме сега за издвоени пет-шест случаи да направиме таква слика., тук усе вработија во приватниот сектор.“ – изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер на Влада.

До сега од работа се откажаа синот на Горан Мисовски и мајката на портпаролот на СДСМ. Антикорупциска отвори 18 предмети за непотенизам. Меѓу нив е и пратеникот Рамчиловиќ, чија сопруга почна со работа во МВР, а таму почнал со работа и синот на пратеничката Ѓеорѓиева. Во ЕЛЕМ се истражува како се вработиле ќерката на Џафери, сестрата на министерот за култура и синот на Тахир Хани, заменик генераен секретар на Владата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“

Автор: Слободан Томиќ Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во д…