Дома Македонија Скопје стана центар на шпиони
Македонија - Регион - февруари 19, 2019

Скопје стана центар на шпиони

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, го обвини Скопје дека е центар за разузнавање каде се подготвуваат сите информации за напад против Србија.

Во изјава за српски „Новости“, Вулин вели дека во Скопје се обезбедува финансиска поддршка и информации за напад против Србија.

,,Скопје е она што некогаш беше Будимпешта, центар на разузнавачките дејности против Србија, простор каде се обезбедуваат финансиски средства за финансирање на цинкароши од целиот регион“-изјави Вулин за Новости.

Овие жестоки критики кон Владата тој ги упати по средбата на премиерот Зоран Заев со опозиционерот Драган Ѓилас во Скопје на која стана збор и за граѓанските антивладини протести во Србија.

-Вучиќ е под непосреден удар на службите поради црвстиот став дека нема да прифати власт на амбасадор. Скопје стана простор од кој потекнуваат напади кон Србија и нејзиниот претседател – изјави Вулин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…