Дома Македонија Продолжува серијата оставки од роднините на функционерите
Македонија - февруари 19, 2019

Продолжува серијата оставки од роднините на функционерите

И синот на пратеникот Горан Мисовски се повлече од новото работно место по реакциите на јавноста. Кристијан Мисовски беше нововработен во Агенцијата за супервизија на осигурување. Оваа информација за ТВ 24 ја потврди неговиот татко, но пратеникот тврди дека отказот на неговиот син стигнал пред повикот на премиерот Зоран Заев.

Претходно, Фанија Костадинова, мајката на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, се повлече од работното место во Централен регистар во Струмица.

Денешната серија оставки доаѓа по најавата на премиерот Зоран Заев дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од своите работни места, а истото денеска го потврди и Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација, кој најави дека самите ќе се повлечат тие што дикутабилно се вработиле.

Претходно Антикорупциска комисија објави дека е отпочната постапка за 18 вработувања на лица блиски до пратеници, директори и градоначалници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…