Дома Локално Запленети гуми кои се користеле како огревно средство во околината на Бардовци
Локално - февруари 19, 2019

Запленети гуми кои се користеле како огревно средство во околината на Бардовци

Комуналните служби на општина Карпош запленија нова количина отпадни гуми на потегот околу Бардовци. Запленети се повеќе од 150 гуми кои, во овој период од годината, главно се користат како огревно средство.

Имајќи ги предвид истражувањата и анализите за причините за аерозагадувањето, посочено е дека голем број домаќинства сè уште се греат на материјали што  не се еколошки препорачливи, односно го загадуваат амбиенталниот воздух и животната средина.

Општина Карпош повторно апелира до сите граѓани и домаќинства кои се греат на огревно дрво, гуми или сл., да го променат начинот на греење и да аплицираат за субвенции за пелети или инвертер-клими во Град Скопје.

Локалната самоуправа продолжува со интензивните инспекциски контроли на терен со цел да се мапираат загадувачите, да се санкционираат и да се заштити околината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…