Дома Свет Американскиот сенатор Берни Сандерс влегува во претседателската трка
Свет - февруари 19, 2019

Американскиот сенатор Берни Сандерс влегува во претседателската трка

Во изјава за радио Вермонт, Сандерс истакна дека ќе бара поддршка од Демократската партија за претседателските избори во 2020 година.

Сандерс (77) беше партиски кандидат на претходните избори, но изгуби од Хилари Клинтон, по што таа учествуваше во претседателската трка против републиканецот Доналд Трамп.

Сенаторот од Вермонт, кој се претставува како „социјалистички демократ“, за време на претходната кампања се залагаше за бесплатно факултетско образование и здравствено осигурување за сите граѓани. Пред да стане член на Сенатот, тој беше дел од Претставничкиот дом од 1990 до 2006 година.

Сандерс, кој е независен сенатор, ужива популарност кај демократите, но одделни членови од партијата изразуваат скептицизам, пред се поради неговата возраст .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…