Дома Македонија Уште една страшна сообраќајна несреќа кај Тетово
Македонија - февруари 18, 2019

Уште една страшна сообраќајна несреќа кај Тетово

Педесетгодишен жител на Доброште го загуби животот, а едно женско лице со сериозни телесни повреди е префрлено на скопските клиники по тешката сообраќајна несреќа што околу 17 часот и 40 минути се случила на регионалниот пат Тетово – Јажинце, во близина на крстосницата за влез во селото Доброште, информираа од СВР Тетово.

Според нивните првични податоци, во несреќата учествувале патничко возило „голф“ и трактор.

Покрај загинатиот и повредената, во сообраќајката е оштетено уште едно паркирано возило во близина.

Увид на местото на несреќата вршат полицијата и јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува преку селото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…