Дома Македонија Уапсени криминалци во Скопје, Куманово и Тетово: Од сигнално, правеле огнено оружје
Македонија - февруари 18, 2019

Уапсени криминалци во Скопје, Куманово и Тетово: Од сигнално, правеле огнено оружје

Денеска полицијата спроведе акција за сузбивање на повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје, Тетово и Куманово кои биле инволвирана во вршење на кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

Во неколку различни случаи документирани се продажби на вкупно 10 пиштоли. При реализацијата на акцијата, според наредбите за претреси во дом и други простории издадени од судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 13 локации. При претресите притворени се  Ф.А. (39), Б.А. (34), Н.М. (63), Ф. Ј. (32), А.А. (29), С.Н. (48), Б.М. (25) сите од Скопје и Џ.Р. (36) од Тетово и С.И. (47) од Куманово.

 

Од досега преземените оперативно – тактички мерки при спроведеното криминалистичко истражување пронајдени и одземени се една автоматска пушка, една ловна пушка, 16 пиштоли, муниција од различен калибар, мобилни телефони и СИМ картички.

Ф. А. и А. Б. подолг период, во работилница лоцирана во Скопје, со употреба на пригоден алат изработувале огнено оружје пиштол на тој начин што Ф. А. набавувал потребна количина на пиштоли за светлосна и звучна сигнализација, додека А.Б. во својата работилница сигналното оружје го конвертирал во огнено оружје, на начин што ја вадел цевката која што служи за испукување на гасен куршум и на нејзино место вметнувал метална цевка претежно од калибарот 7,65 мм. Исто така, биле набавувани и други видови на огнено оружје и разни видови на муниција кои ги продавале на заинтересирани лица.

По конвертирањето на оружјето, пронаоѓале заинтересирани лица и го продавале по цена од 250 до 400 евра.

Во акцијата учествувале БЈБ-единицата за сериозен криминал и тероризам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактвен материјал при Одделот за криминалистичка полиција со поддршка на ОСПО и ОКТИВ, и во координација со ОЈО за ГОКК, соопшти МВР.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“

Автор: Слободан Томиќ Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во д…