Дома Македонија Испрашување на сведоците од тешката сообраќајна несреќа кај с.Ласкарци
Македонија - февруари 18, 2019

Испрашување на сведоците од тешката сообраќајна несреќа кај с.Ласкарци

Патниците на автобусот на „Дурмо Турс“, сведоците на тешката сообраќајка кај селото Ласкарци, во скопското обвинителство ќе раскажат што се случувало за време на превртувањето на автобусот. Како се случила трагедијата треба да каже и возачот на автобусот. Испашани ќе бидат сите, велат од обвинителството, за да се даде одговор за кобната несреќа којашто се случи во средата на автопатот Скопје – Тетово. Во скопското обвинителство ќе се чекаат и медицинските наоди на пациентите, како и резултатите од судска медицина за обдукцијата на починатите. Обвинителство во  координација со МВР, Бирото за судски вештачења и судска медицина, ќе ги утврдува релевантните факти за да се дојде до причината за несреќата.

„Денеска исто така во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна скицата, фотодокументацијата, а се очекува пристигнување и записникот од извршениот увид на самото место којшто го доставува МВР“, изјави портпаролката на Јавното обвинителство Елизабета Недановска.

Обвинителството побара документацијата од туристичката агенција „Дурмо Турс“ за да се даде одговор на техничките прегледи на автобусот.

„Се преземаат натамошни дејствија за утврдување на материјалната документација коишто тие ја поседуваат, за издадените билети, начинот за организирање на превозот, фреквенцијата со којашто се одвивал превозот, конкретно и со ова возило“, вели Недановска.

Бирото за судско вештачење ќе каже дали автобусот, поради технички причини излетал од автопатот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Потврди со новото име за валидизација на документите при патување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите…