Дома Свет Британските пратеници го обвинија Фејсбук и Цукерберг
Свет - февруари 18, 2019

Британските пратеници го обвинија Фејсбук и Цукерберг

Британските пратеници го обвинија Фејсбук дека ги крши законите за приватност на податоците и законите кои ја регулираат пазарната конкуренција.

Во својот извештај за дезинформациите на социјалните мрежи , пратениците го обвинија и сопственикот на Фејсбук , Марк Цукерберг и наведоа дека неговата одлука да не се појави на распит пред Парламентот е доказ за неговиот презир кон законодавното тело.

Британскиот Одбор за дигитални , културни , медиумски и спортски активности соопшти дека по бројни прегледани интерни меилови на вработените во Фејсбук , навеле дека водството на оваа социјална мрежа е намерно и свесно направено со што се крши и законот за пазарна конкуренција.

Од Одборот во истрагата го проверувале и меилот на Цукерберг и неговата преписка со раководителите на Фејсбук.

Тврдат дека Фејсбук ги предавал податоците на други компании за да развијат апликации , а намерно уништувале други компании , на кои не им ги давале податоците.

 

Извор: kanal5.com.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“

Автор: Слободан Томиќ Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во д…