Дома Економија Производителите на јаболка го блокираа патот Ресен -Битола
Економија - Македонија - февруари 17, 2019

Производителите на јаболка го блокираа патот Ресен -Битола

Производителите на јаболка од Преспа, денес протестираат на магистралниот пат Ресен – Битола. Нивното незадоволство доаѓа по состанокот на иницијативниот одбор на овоштари. Заради проблемите со пласманот и хиперпродукцијата, 50.000 тони јаболка останаа во магацините. Затоа бараат средба со премиерот, но и да се врати повторно интервентната мерка од 3 денари.

-И потребна ни е таа поддршка да ја добиеме и во 2019 година. Ние бараме интервентната мерка која важеше до декември да продолжи до 30 јуни 2019 година, изјави Менде Ивановски, претседател на иницијативниот одбор.

Покрај интервентната мерка, бараат што побрзо да им се исплатат и штетите за 2017 година и субвенциите, затоа што велат дека сега започнува сезоната на активности во јаболковите насади.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“

Автор: Слободан Томиќ Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во д…