Дома Македонија Исчезнатата скопјанка Даниела е пронајдена мртва во водите на Вардар
Македонија - февруари 17, 2019

Исчезнатата скопјанка Даниела е пронајдена мртва во водите на Вардар

Потрагата Даниела Пецевска заврши трагично. Нејзиното мртво тело, е пронајдено во реката Вардар.

Од МВР информираат дека телото кое вчера во 13:10 часот беше извлечено од водите на Вардар кај железничкиот мост во Горно Лисиче е на исчезнатата Даниела од Драчево.

-Идентификувано е телото кое вчера беше пронајдено во водите на Вардар, се работи за 40- годишната Д.П. која беше исчезната на 11.02. 2019 година. Завршена е и обдукцијата, нема траги од насилство, велат од МВР.

Семејство на Даниела 5 дена трагаше по неа откако беше пријавена за исчезната.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“

Автор: Слободан Томиќ Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во д…