Дома Свет Венецуела: Хуманитарната помош од САД стигна до границата со Колумбија
Свет - февруари 17, 2019

Венецуела: Хуманитарната помош од САД стигна до границата со Колумбија

Американската војска достави повеќе тони хуманитарна помош во колумбискиот град Кукута на границата со Венецуела.

Помошта би требало да ја дистрибуираат приврзаниците на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кого САД го признаа за привремен претседател на Венецуела. Помошта од 180 тони опфаќа храна, средства за хигиена и други производи наменети за повеќе од 25.000 луѓе.

– Ова не е прва, ниту последна помош, изјави претставникот на УСАИД, Марк Грин во Кукута за време на доставувањето на помошта во пограничниот град, кој е преполн со мигранти од Венецуела.

Претходните испораки на помош се доставени со комерцијални летови.

Николас Мадуро ја одбива американската помош и со поддршка на војската го спречува нејзиното доставување во Венецуела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“

Автор: Слободан Томиќ Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во д…