Дома Македонија Почина уште еден повреден во сообраќајната несреќа кај с.Ласкарци
Македонија - февруари 16, 2019

Почина уште еден повреден во сообраќајната несреќа кај с.Ласкарци

39- годишниот Ферди Касо од Гостивар им подлегна на тешките повреди од трагичната несреќа кај Ласкарци. Тој е 15-тата жртва на трагедијата што ја потресе цела држава. По тридневна битка на лекарите да го спасат неговиот живот, Касо починал утринава на КАРИЛ.

-Беше примен со тешки повреди, направени беа оперативни зафати кај пациентот, но за жал почина утринава, изјави Илир Хасани директор на КАРИЛ.

На КАРИЛ има уште четворица повредени патници кои се борат за живот. Меѓу нив е и 19 годишната струдентка на која и биле направени две хируршки интервенции и се уште е во критична состојба.

-Во тешка состојба се и овие пациенти. Правиме натчовечки напори со медицинскиот персонал овде за да можат да се изборат за нивните животи, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Во ГОБ 8-ми септмеври во моментот имаат 19 пациенти од тешката сообраќајка кај Ласкарци. Пет од нив се во тешка состојба од кои двајца уште од самиот прием се на апарати за дишење. Еден од повредените вчера бил префрлен на скопските клиники по негово барање.

-Меѓу тие што се на интензивна е и момчето, кај него е направена опарација, но има тешки повреди. Останатите се на оддели и состојбата им е стабилна, изјави Христијан Костов, директор на ГОБ 8-ми септември

Вчера и денеска градската болница ја напуштиле оссумина патници кои биле со полесни повреди и се на домашно лекување.

Билансот од трагичната несреќа е 15 починати од кои седум починале на лице место а останатие во болница.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“

Автор: Слободан Томиќ Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во д…