Дома Економија Доколку продолжи застојот на градбите во Центар, Карпош и Аеродром цените на становите ќе се зголемат
Економија - февруари 15, 2019

Доколку продолжи застојот на градбите во Центар, Карпош и Аеродром цените на становите ќе се зголемат

Цените на становите во Скопје ќе останат исти, но ако продолжи застојот на градењето во неколку општини, на среден рок цените ќе се вивнат нагоре – велат од фирмата за анализа на пазарот на недвижности Фортонмка. Се работи за неколку поголеми станбени згради кои требаше да се градат во општините Карпош, Центар и Аеродром, а чија изградба е закочена поради мораториум за градба или ревизија на ДУП.

Токму во овие општини се издадени и најголем број одобренија за градење, интересот на граѓаните е најголем, но и станбениот квадрат е најскап. Во Центар метар квадратен без ДДВ чини 1.062 евра, во Карпош 1.022 евра, а во Аеродром 909 евра.

Интересот на граѓаните за купување станови не опаѓа, но се чини тие имаат мала куповна моќ. 3.600 станови остануваат непродадени, а и оние што се продаваат се движат од 35 до 52 метри квадратни. Не ретки се и оние кои купуваат станови со една или две спални со големина од 53 до 67 квадрати.

Од друга страна, трговците не оставиле слободен квадрат во големите трговски центри. Во Скопје речиси и да нема слободен простор, па затоа се очекува цената за закуп да расте. Моментално просечната кирија во моловите изнесува 39 евра за метар квадратен, односно 30 евра на главните пешачки зони во градот. Кириите за канцелариски простор, пак, се очекува да останат на сегашното ниво, и покрај тоа што новите проекти годинава треба да ја зголемат понудата за 10 отсто. И покрај напредокот, пазарот на недвижнини во Скопје се уште заостанува зад регионалните метрополи како Белград, Софија и Букурешт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“

Автор: Слободан Томиќ Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во д…