Дома Македонија Оливер Спасовски: Поведовме пет постапки за говор на омраза во врска со сообраќајната несреќа кај Ласкарци
Македонија - февруари 14, 2019

Оливер Спасовски: Поведовме пет постапки за говор на омраза во врска со сообраќајната несреќа кај Ласкарци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека истрагата за автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово уште трае и утре се очекуваат првични сознанија околу причините.

Вечерва ќе имаме разговор во полициска станица со возачот на автобусот и врз основа на сите тие наоди ќе ја добиеме причината за оваа голема трагедија, соопшти Спасовски.

Министерот рече дека државните институции и на локално и на централно ниво одговориле навистина брзо и ефикасно и им се заблагодари на сите што пожртвувано и без прекин работеа на местото на несреќата и во државните и приватните болници.

Институциите функционираа на најдобар можен начин, со оглед на големината на трагедијата, времето за коешто реагираа, одговорноста што ја покажаа беше на високо професионално ниво. Но и солидарноста што се покажа меѓу институциите беше многу важна во овие моменти, рече Спасовски.

За овие моменти на граѓанско однесување, сочувство и солидарност неоптоварено од национализам, Спасовски вели дека тоа е Македонија каква што ја посакуваме, за којашто мораме да се бориме, вистинското лице на Македонија. Но, како што додаде, МВР веќе покренало пет постапки за говор на омраза, кои во вакви моменти на обединетост предизвикуваат чувство на човечки пораз.

Лично, чувствувам дека како луѓе неможеме да се издигнеме пред се, дека сакаме да се почитуваме меѓусебно, туку напротив, можеби политичките, верските и националните поделби ги ставаме пред човечкиот живот што е нешто најсвето. Таков говор на омраза апсолутно ме прави понижен и поразен кога доаѓа дури од универзитетски професор, изјави Спасовски.

Тој соопшти дека се покренати пет постапки за говор на омраза и се поднесени соодветни пријави до јавните обвинителства во Скопје, Струмица и Куманово и се работи на детекција на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“

Автор: Слободан Томиќ Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во д…