Дома Македонија (Видео) Ден по несреќата кај с.Ласкарци се огласи и транспортната компанија Дурмо Турс
Македонија - февруари 14, 2019

(Видео) Ден по несреќата кај с.Ласкарци се огласи и транспортната компанија Дурмо Турс

Превозната компанија Дурмо Турс го прекина молкот – изразија сочуствуво со семејствата на загинатите и повредените, но причините за трагедијата, велат дека ќе ги очекуваат од истрагата.

„Кобен ден и голема трагедија за компанијата, за повредните, за семјествата на починатите и за целата држава. Немаме зборови за сочувство на загинатите и семејствата. На повредниете им посакуваме брзо оздравување. Очекуваме допрва институциите да излезат со конечна анализа и истрага за причините од трагичната сообраќајна несреќа“, велат од Дурмо – Турс.

Компанијата не одговори во каква состојба е автобусот кој сообраќал на линијата Скопје – Гостивар. Станицата за технички преглед која е сопственост на превозната компанија е заклучена. Дел од гостиварци кои не сакаа да говорат во камера, се сомневаат во техничката исправност на возилата заради фактот што прегледот на автобусите се прави во истоимената компанија.

Заклучена остана и вратата на агенцијата во центарот на Гостивар.

Од министерството за транспорт и врски велат дека Дурмо – Турс посеуда четири лиценци за превоз на патници. Две во земјава и две надвор од неа. Сепак велат при издавањето на лиценците не се бара документација за исправноста на возилата бидејќи тоа е процес кој го следи МВР при регистрацијата.

Од државниот инспекторат за транспорт велат дека компанијата ги поседувала сите неопходни дозволи за извршување на дејноста.

Инаку оваа компанија на релацијата Гостивар – Скопје и обратно, има вкупно 18 автобуски линии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“

Автор: Слободан Томиќ Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во д…