Дома Колумни Човечност, што беше тоа?
Колумни - февруари 13, 2019

Човечност, што беше тоа?

 

Бесконачна се омразата и злоделата што ги правиме еден на друг, без да размислуваме за иднината на нашите деца, семејства и држава!

Не е се во парите,функцијата или престижот…Сите овие работи се минливи и менливи, но, едно е единствено и постоечко,а таоа е љубовта кон самите нас и нашата држава!

Ве прашувам, што сте направиле во изминатите 24 часа за вашите најмили и за вашата држава?Дали воопшто сте се запрашале?

Вели познатата, по делата,а и по злоделата ќе ве паметат,распознаваат или ќе ве препознаваат.

Каде сте вие ?Во оние кои заминуваат на буништето на историјата,или на оние кои ќе бидат спомнувани за секогаш како градители,или достојни,чесни луѓе, градители на својата држава или чесни патриоти? Го одбравте ли самите местото во историјата? Или оставате народот и историјата тоа да го сторат?

Патриотизмот не се мери со пари,или со гламур,тој е дел од вас и дел од вашата генеза,осносно ДНК.

Или,си или не си тоа! Самиот треба да го избереш и да го живееш тој избор.Лицемерие,кодошење,или осуда,тоа се најтешките и најлошите смртни гревови,кои ако не ги тргнеме од нас,тие стануваат се поголемо бреме и оптоварување на сопствената душа.

Зошто и натаму чемер,јад и омраза? Зоштоп таков канибализам и среброљубие зачинето со закани?

Македонија е место за секого.Македонија е куќа за секој добронамерен домаќин,или семејство.Таа не е простор за развратници,или ситни души,кои по секоја цена за свои бедни интереси сакаат да ја разнебитат или контаминираат со јад и омраза..!

Затоа, време е да си подадеме рака и да продолжиме да ја доизградиме куќата Македонија,во спротивно ќе бидеме избришени за секогаш..!

Тоа е се од мене од се срце мој народе,другото останува од Вас

13.02.2019
Слободан Томиќ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи

Ексклузивно интервју со Метју Нимиц: „Името е ново, но државата и нацијата се непроменети-македонски!“

Автор: Слободан Томиќ Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во д…